Во Јувентус шокирани од однесувањето на Алегри, му подготвуваат отказ!

846

Јувентус сериозно размислува да го отпушти Макс Алегри пред крајот на сезоната по синоќешното негово однесување по финалето на Купот на Италија.

Италијанецот влезе во конфликт со судиите и новинарите на крајот од финалето на Купот на Италија, кое Јуве го доби со 1-0. Но, се зборува дека има видео снимки во кои се гледа како тој влегува во инциденти и со управата на клубот и Кристијано Џунтоли, спортскиот директор на „Старата Дама“.

„Скај Италија“ наведува дека однесувањето на Алегри не било во склад со визијата на клубот и дека сите се изненадени. Неговото однесување ќе биде предмет на дискусија меѓу извршниот директор на клубот Маурицио Сканавино и Џон Елкан, кои ќе донесат одлука за иднината на Алегри.

Постои можност одлуката да се донесе уште утре, кога двајцата ќе имаат средба.

Претходно„Форбс“: Роналдо е најплатен спортист во светот!
СледноЖесток тајм-аут на Пелистер: Сите од прв до последен да одите во три „п**чке“… (ВИДЕО)