Манчестер Јунајтед победи со 3-2 во последниот домашен натпревар сезонава против Њукасл. Еден од најважните моменти на натпреварот беше враќањето на Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, кои дојдоа од клупата и најверојатно ќе бидат подготвени за претстојното финале на ФА Купот против Манчестер Сити.
Сепак, уште еднаш во текот на сезоната, напаѓачот се вклучи во скандал уште пред и официјално да биде дел од мечот на „Олд Трафорд“. На загревањето пред мечот тој влезе во пресметка со навивач од трибините, момент кој го фатија камерите. Самиот Рашфорд изгледаше прилично незадоволен и не се потруди да му одговори на симпатизерот, додека другите луѓе на трибините го повикаа да не обрнува внимание. Набргу потоа напаѓачот се оддалечи, а таму се појави едно лице од обезбедувањето, кој исто така му се обрати на навивачот.
Marcus Rashford and Manchester United fans bickering with each other before the game tonight…
Not a good look… 😬pic.twitter.com/oGWUidbMah
— Football Away Days (@FBAwayDays) May 15, 2024