Барса и Интер го сакаат, Фернандеш го откри единствениот услов за да остане во Јунајтед

2180

Бидејќи се работи за играч кој со сезони се издвојува од сивилото на Манчестер Јунајтед, не е ни чудо што постои голем интерес за Бруно Фернандеш.

За неговите услуги се заинтересирани Барселона и Интер, а португалскиот играч за врска откри кој е единствениот услов за да остане во редовите на „црвените ѓаволи“.

Со потписот на Зиелински, кој ќе пристигне како слободен играч од Наполи, Интер веќе обезбеди капитално засилување во средниот ред.

Без разлика, интересот за Бруно Фернандеш останува. Сега тој самиот проговори за својата иднина откако Јунајтед синоќа победи со 3:2 против Њукасл.

„Клубот мора да ме сака“, изјави португалскиот играч за врска, а потоа продолжи:

„Чувствувам дека клубот сака да бидам дел од иднината. Како што секогаш сум велел, не сакам да бидам играч што клубот не сака да го има. Ако поради која било причина тие не сакаат, јас, ќе си одам, ако ме сакаат, ќе останам.

Не се разликувам од никого бидејќи ја носам капитенската лента. Секогаш давам се од себе и сите го даваме најдоброто што можеме за клубот. Никој не крие дека играме за голем клуб и мораме да ги подигнеме стандардите на секој натпревар “, заклучи тој.

29-годишниот фудбалер оваа сезона има 15 гола и 12 асистенции на 46 настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор истекува во летото 2026 година, но клубот има опција да го продолжи на уште една година.

ПретходноРашфорд едвај се врати и повторно направи скандал (ВИДЕО)
СледноСтоле Димитриевски се запиша во историјата на Рајо