Јувентус сериозно размислува да го отпушти Макс Алегри пред крајот на сезоната по синоќешното негово однесување по финалето на Купот на Италија.
Италијанецот влезе во конфликт со судиите и новинарите на крајот од финалето на Купот на Италија, кое Јуве го доби со 1-0. Но, се зборува дека има видео снимки во кои се гледа како тој влегува во инциденти и со управата на клубот и Кристијано Џунтоли, спортскиот директор на „Старата Дама“.
„Скај Италија“ наведува дека однесувањето на Алегри не било во склад со визијата на клубот и дека сите се изненадени. Неговото однесување ќе биде предмет на дискусија меѓу извршниот директор на клубот Маурицио Сканавино и Џон Елкан, кои ќе донесат одлука за иднината на Алегри.
Постои можност одлуката да се донесе уште утре, кога двајцата ќе имаат средба.
Al mio segnale scatenate l’inferno😂😂😂#Allegri #CoppaItaliaFinalpic.twitter.com/ls49rQbOFH
— Conny M. (@ConnyM10) May 16, 2024