Уника Казан за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се најде на чекор во финалето на плеј-офот во ВТБ-лигата, откако против Локомотив Кубан на домашен терен славеше со 81-78 за 3-2 во серијата.
Нашиот најдобар кошаркар беше повторно на ниво на задачата кога беше најпотребно, кон крајот на третата четвртина постигна седум поени и го врати својот тим резултатски. И секако Нено не застана тука, на две минути до крајот постигна тројка за 79-75. На 12 секунди до крајот, Димитријевиќ постигна две слободни фрлања за 81-78. На другата страна гостите не реализираа од линијата за слободни фралања, а откако не го стори тоа ниту Уникс, Локомотив не успеа да погоди за продолжение од половина терен.
Зад своето име Нено на крајот имаше дабл-дабл од 22 поени и 10 асистенции, додаде четири скока и една украдена топка.