Паника во Мадрид: Се повреди новиот вундеркинд на Реал!

809

Во рамките на 5. коло од групната фаза од Копа Либертадорес, Палмеирас рано утринава по наше време славеше против Индипенде дел Вале од Еквадор. Резултатот беше 2:1.

Од оваа средба стигна многу лоша вест за навивачите на Палмеирас и Реал Мадрид, во 60. минута младиот Ендрик мораше да ја напушти играта поради повреда.  Овој 17-годишен бразилски офанзивец, кому Реал Мадрид на Палмеирас му плати 47 милиони евра, не можеше сам да го напушти теренот.

Откако беше изнесен надвор од теренот, тој клекна до клупата и изгледаше видно загрижен. Набргу потоа лекарскиот тим нанел мраз на болното место.

Се уште не се знае колку е сериозна повредата што ја заработи Ендрик. Повредата се случи на околу еден месец пред почетокот на Копа Америка каде беше повикан да ги брани боите на Бразил, а сега се е во воздух.

Тој во јули треба да му се приклучи на Реал Мадрид, а останува да се види во каква состојба ќе биде во главниот град на Шпанија по оваа повреда што ја заработи синоќа.

ПретходноСудиска анализа: Одлично судење во ПМФЛ и ВМФЛ изминатиот викенд!
СледноФилип Најдовски како најдобар дефанзивец си заминува од Тирана