Откако денеска изненадувачки си замина од клупата на унгарскиот шампион ференцварош, српскиот стручњак Дејан Станковиќ и официјално е промовиран во нов тренер на руски Спартак (М). Тој ќе го води гигантот од Москва следната сезона 2024/25.
По назначувањето за нов тренер на рускиот гигант, Станковиќ ја даде и првата изјава за медиумите.
„Ме познавате многу добро, и јас те познавам многу добро. Знам што е Спартак – голем клуб со голема историја, голем притисок, на кој одамна сум навикнат. И знам што мора да направи Спартак. Сега ќе ви го кажам истото што ќе им го кажам на играчите првиот ден кога ќе пристигнам во Москва. Сите во Спартак мора секој ден да докажуваат дека се достојни да бидат дел од овој легендарен клуб. Мора да работиме напорно, да се поддржуваме и да веруваме еден во друг за да победиме на секој натпревар“, изјавил српскиот стратег во пораката испратена до навивачите на клубот.