Сити без Едерсон на двата последни меча во сезоната!

300

И официјално голманот Едерсон нема да биде во тимот на Пеп Гвардиола на двата последни и клучни меча сезоната за Манчестер Сити. Бразилецот се повреди на последниот меч кај Тотенхем, мораше да биде заменет со фантастичниот Ортега, а повредата е таква да Едерсон нема да може да брани за Сити.

Ова го потврдија и од докторскиот тим на Манчестер Сити:

Можеме да потврдиме дека Едерсон ќе ги пропушти двата последни меча од сезоната поради мала фрактура на очниот отвор. Сите во клубот му посакуваат брзо да закрепне“.

Инаку токму двата последни меча се клучни за сезоната за Пеп и неговите фудбалери. Во недела дома го дочекуваат Вест Хем, меч кој решава за титулата, а на 25 мај се игра и финалето во ФА Купот каде ривал е Манчестер Јунајтед.

ПретходноНеобична изјава на славниот тренер: “Од својот џеб го платив судијата за мечот Реал – Баерн!“
СледноСтанковиќ не е повеќе тренер на Ференцварош!