Усик се премисли, нема да се пензионира по дуелот со Фјури викендов

618

Украинскиот боксер Александр Усик, се премисли, па сега вели дека ќе продолжи да боксува и по борбата со Тајсон Фјури закажана овој вокенд во Ријад.

Украинскиот тешкаш претходно тврдеше дека ќе ги закачи ракавиците откако ќе го заврши договорот за две борби со Фјури.

„Да, секако, ќе продолжам да боксувам. Можеби уште три години“, изјави Усик.

„Мојата мотивација за боксот е дисциплината, семејството и навивачите. Ја ценам поддршката од народот и од украинските војници. Тоа е мојата мотивација. Мојата најголема победа допрва доаѓа“.

ПретходноХесус Навас објави дека на крајот на сезонава си оди од Севиља
СледноДенвер и Јокиќ играа за финале на Западот, Минесота ги победи со 45 разлика (ВИДЕО)