Македонскиот интернационалец Филип Најдовски по три години и две титули најдобар дефанзивец во шампионатот на Албанија, си заминува од тимот на Тирана. Стоперот мина одлични три години во сино – белиот дрес, но очигледно дека е време за разделба, па летово тој дефинитивно ќе има нов клуб.
Најдовски кој е поранешен македонски младински репрезентативец, за прв пат имаше интернационално искуство со Тирана, а во домашниот шампионат настапуваше за Цементара,Тетекс, Напредок, Победа и Вардар.