Хесус Навас објави дека на крајот на сезонава си оди од Севиља

132

Шпанска Севиља денеска соопшти дека капитенот на тимот Хесус Навас ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

„Хесус Навас ќе ја напушти Севиља на крајот на сезоната 2023/24 и тоа им го соопшти на клубот, соиграчите и раководството на утринскиот тренинг“, се вели во соопштението на клубот.

Навас во Севиља помина вкупно 17 години, што му донесе статус на клупска легенда. 38-годишниот фудбалер одигра 688 натпревари за Севиља во сите натпреварувања и освои четири трофеи во Лигата на Европа, два Купа на Шпанија, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

Хесус Навас прво помина десет години во Севиља, од 2003 до 2013 година, пред да се пресели во Манчестер Сити, со кого ја освои Премиер лигата.

ПретходноНема да игра на Олимпијада само затоа што игра во Русија
СледноУсик се премисли, нема да се пензионира по дуелот со Фјури викендов