Шампионките Ѓорче Петров без проблеми обезбедија финале во Купот

110

И многу полесно од очекувањата, ракометарките на македонскиот шампион Ѓорче Петров обезбедија пласман во финалето на женскиот дел од Купот на Македонија. Во полуфиналето против екипата на Куманово, ѓорчепетровки на крајот обезбедија убедлива победа од 31:14.

Уште на стартот Ѓорче Петров направи разлика од 5 гола (8:3), а до полувремето веќе имаше предност и од шест гола (11:5). Како што течеше вториот дел, темпото на игра кај Куманово забави, а шампионките успеаја да ја наполнат мрежата на противникот. Во еден период од вториот дел Ѓорче Петров имаше и 18 голови предност.

Дури пет ракометарки во составот на Симовски постигнаа по 4 гола (Јанкуловска, Ризоска, Николовска и Алмеида. Зечевиќ кај Куманово беше најефикасна со 5 гола.

Вториот полуфинален меч е на програмата утре од 17 часот во кој битка за финале ќе водат екипите на Вардар и Чаир.

ПретходноСтанковиќ не е повеќе тренер на Ференцварош!
СледноИграше за Тотенхем и Ливерпул, сега бара клуб на Линкедин!