Алкараз дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос

98

Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер во последните месеци имаше проблеми со повредите на раката, но според последните информации сето тоа е минато и тој се чувствува подготвен да се врати на терените.

Минатата година третиот тенисер во светот дојде до полуфиналето каде беше совладан од Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови.

Алкараз веќе резервирал хотел во Париз, станува збор за истиот во кој престојувал и Рафаел Надал кога настапувал на францускиот Грен слем турнир.

ПретходноНагелсман го објави списокот: Германците на ЕУРО 2024 без Хумелс, Гнабри, Вернер, Горецка…
СледноКлубовите од ПЛ се изјасниле против за укинување на ВАР!