Дешамп го објави списокот на фудбалери со кои Франција ќе оди на Евро 2024

454

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојното Европско првенство во Германија. Килијан Мбапе, очекувано, ја предводи листата на францускиот тим кој засега е составен од 25 имиња, а едно место се уште е оставено слободно.

Во репрезентацијата се враќа Ферланд Менди од Реал Мадрид, а тука е и Н’Голо Канте од Ал Наср.

Изненадување во списокот веројатно е младниот бисер на ПСЖ, Бредли Баркола.

Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мајк Мањан (Милан), Брис Самба (Ленс)

Одбранa: Џонатан Клаус (Марсеј), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Ферланд Менди (Реал Мадрид), Бенџамин Павард (Интер), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн Минхен)

Играчи од средниот ред: Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Јусуф Фофана (Монако), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Н’Голо Канте (Ал-Наср), Адриен Рабиот (Јувентус), Орелиен Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заире-Емери (ПСЖ)

Напад: Бредли Баркола (ПСЖ), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Усман Дембеле (ПСЖ), Оливие Жиру (Милан), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Турам (Интер).

ПретходноПо жестокиот тајм-аут, Бранче најави: Ќе има „рибање“ во соблекувалната
СледноНема да игра на Олимпијада само затоа што игра во Русија