Бранислав Ангеловски имаше бурен тајм-аут за време на дуелот против Тиквеш, неговите момци не одиграа според неговиот вкус, па тој им подели сочна пцовка, а по завршување на мечот изјави дека ќе има „рибање“ во соблекувалната. Резултатски беше задоволен, но од играта во никој случај.
„Честитки до играчите за пласманот во финалето. Резултатски бевме добри, но играчки катастрофа, ќе има рибање во соблекувалната. Играчите по репрезентативните обврски играат некој систем што играле таму. Дојдовме со еден тренинг во ова полуфинале, но тоа не треба да биде оправдување, не бевме на вистинското ниво. Мора да играме подобро ако сакаме да играме финале, мора да се рестартираме психички, Сите дојдоа со голема самодоверба“, изјави Ангеловски, кој рече дека не е важно со кого ќе играат, бидејќи финалето е таков меч, нема послаби и посилни.
Пелистер против Тиквеш славеше со 29-33.