Стратегот на Болоња, Тиаго Мота, кој оваа сезона прави чуда со овој тим, е најсериозен кандидат за клупата на Јувентус. Барем така пишуваат медиуми во Италија. Имено раководството на гигантот од Торино, веќе донело одлука да се раздели со сегашниот тренер Макс Алегри и да му го довери тимот на некогашниот фубалер на Интер, ПСЖ и други клубови.
Оваа вест ја потврдува и Фабрицио Романо, кој на социјалните мрежи е дециден дека Алегри веќе е бивши.