Филип Најдовски како најдобар дефанзивец си заминува од Тирана

1059

Македонскиот интернационалец Филип Најдовски по три години и две титули најдобар дефанзивец во шампионатот на Албанија, си заминува од тимот на Тирана. Стоперот мина одлични три години во сино – белиот дрес, но очигледно дека е време за разделба, па летово тој дефинитивно ќе има нов клуб.

Најдовски кој е поранешен македонски младински репрезентативец, за прв пат имаше интернационално искуство со Тирана, а во домашниот шампионат настапуваше за Цементара,Тетекс, Напредок, Победа и Вардар.

ПретходноПаника во Мадрид: Се повреди новиот вундеркинд на Реал!
СледноНагелсман го објави списокот: Германците на ЕУРО 2024 без Хумелс, Гнабри, Вернер, Горецка…