Магазинот „Форбс“ објави листа на најплатени спортисти. Првото место го зазеде фудбалерот на саудиски Ал Наср и репрезентативец на Португалија, Кристијано Роналдо. Според проценките на весникот, годишните примања на Роналдо изнесуваат 260 милиони долари, од кои 200 милиони се плата според договорот со клубот, а уште 60 милиони инкасирани средства од спонзори.
Второто место на оваа листа го зазема голферот Џон Рам со приход од 218 милиони долари, а трет е Лионел Меси, фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец со годишни примања во висина од 135 милиони долари.
Во ТОП 5 листата се и Леброн Џејмс (128,2 милиони долари) и Јанис Адетокумбо со 111 милиони долари.