Годишната плата на Лионел Меси во Интер Мајами е 20,4 милиони долари и е најголема во Мејџор Сокер Лигата, покажуваат извештаите на Асоцијацијата на играчи во МЛС. Всушност само три од преостанатите 28 клубови во МЛС даваат повеќе пари за плати отколку што Интер одвојува само за осумкратниот носител на „Златната топка“.
Целиот буџет за плати на Интер Мајами е 41,7 милиони долари, што значи дека Меси заработува повеќе од сите свои соиграчи заедно. Втор по висина на плата во клубот е Серхио Бускетс кој заработува по 8,7 милиони долари, а Жорди Алба и Луис Суарез по 1,5 милиони долари по сезона.
Трите клуба, кои имаат поголем буџет за плата од платата на Меси се Торонто, Чикаго Фајр и Нешвил. За плати Торонто одвојува 31,4 милиони долари, Чикаго 25,1 милион и Нешвил 21,4 милиони.
Втор најплатен фудбалер во МЛС е играчот на Торонто, Лоренцо Инсиње со 15,4 милиони долари годишно. Трет е Бускетс, а по него швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири кој заработува 8,15 милиони долари во Чикаго. Топ 5 го комплетира дефанзивецот на Остин, Себастијан Друиси со 6,72 милиони долари.
The annual MLS salary list is out. Guess who the league’s highest-paid player is.
Lionel Messi’s $20.4 million guaranteed compensation is more than 25 individual rosters.@jeffrueter and @tombogert break down the data: https://t.co/xcoN6EPnp7 pic.twitter.com/J7T9u5oBxW
— The Athletic (@TheAthletic) May 16, 2024