Ноле изненадувачки потврди настап на АТП турнирот во Женева

232

Новак Ѓоковиќ изненадувачки реши да игра на АТП турнирот во Женева кој има награден фонд од 562.000 долари. Организаторите ја објавија ждрепката, по која Ѓоковиќ како прв носител ќе биде слободен во првото коло, но веќе во второто го чека можна класика со поранешниот број еден Енди Мареј, секако под услов Британецот во првото коло да го победи Германецот Јаник Ханфман.

Можни ривали на Ѓоковиќ во полуфиналето би биле Тејлор Фриц или Џејк Дрејпер, а во финалето  Каспер Руд или Американецот Бен Шелтон.

ПретходноХеројот на Аргентина од СП во Катар на суд поради силување
СледноСензација во Купот на Македонија: Галевски го однесе Алкалоид во историското финале!