Реал Мадрид сака да го претстави Килијан Мбапе пред ЕУРО

124

Реал Мадрид сака официјално да го претстави Килијан Мбапе пред почетокот на Европското првенство во Германија кое стартува на 14 јуни, пренесува „Марка“.

Шпанскиот шампион се обидува да добие дозвола од сегашниот клуб на францускиот репрезентативец Пари Сен Жермен за претходен трансфер, бидејќи актуелниот договор на 25-годишниот Мбапе истекува на 30 јуни. 14-кратниот европски клупски шампион планира да одржи церемонија за потпишување на Французинот меѓу 3 и 9 јуни.

Килијан Мбапе најави заминување на францускиот шампион како слободен играч на 10 мај.

Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 44 гола и направи 10 асистенции на 47 натпревари со парискиот тим во сите натпреварувања.

ПретходноПресврт: Барселона, сепак, останува без тренер?
СледноВо Тиквеш се спремаат: За сите кои ќе патуваат на финалето, обезбедена е брендирана маичка