Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел конечно објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната. Последните денови меѓу двете страни се разговараше за поништување на одлуката од 21 февруари, кога беше објавено дека двете страни се разделуваат.
Сепак, германскиот специјалист изјави дека не е постигнат договор и си замина.
„Ова е мојата последна прес-конференција како тренер на Баерн“, го започна својот брифинг пред натпреварот со Хофенхајм.
„Имаше разговори, но не постигнавме договор. Останува одлуката од февруари“.
„Очигледно е дека е тешко. Дискутиравме со раководството изминатите неколку недели. Сепак, не успеавме да постигнеме договор. Одлуката од февруари останува“, додаде тој.