Голманот одбрани два пенали, потоа го исклучија па играч го одбрани третиот (видео)

1602

Голманот Ерсин Ајдин имаше меч за паметење во победата на Усакспор над ривалот Ергене во турската трета лига. Голманот на Усак одбрани два пенали пред да биде исклучен од натпреварот, па на голот застана дефанзивецот Левент Актуг кој го одбрани третиот удар од белата точка.
Усакспор водеше со 2:0, а во судиското продолжение се случи хаосот со пеналите. Во 90 минута противникот доби пенал, а Ајдин го одбрани пеналот, но доби жолт картон поради тоа што излегол од голот.
Пеналот беше повторен, Ајдин повторно одбрани но судијата му даде уште еден жолт картон затоа што уште еднаш порано ја напуштил гол линијата. Ајдин доби црвен картон и мораше да го напушти теренот.
Пеналот трет пат се повторуваше, а сега на голот застана дефанзивецот Актуг кој го одбрани и третиот пенал. Усак победи.

ПретходноВо Тиквеш се спремаат: За сите кои ќе патуваат на финалето, обезбедена е брендирана маичка
СледноВторолигаш го освои Купот на Романија и ќе игра во Лига Европа