Ливерпул се збогува со двајца играчи, заминуваат бесплатно

2694

Ливерпул ги потврди заминувањата на стоперот Жоел Матип (32) и играчот од средниот ред Тиаго Алкантара (33). Двајцата си заминуваат од клубот бесплатно, односно како слободни играчи бидејќи им истекуваат договорите. Да потсетиме, легендарниот тренер Јирген Клоп на крајот од сезоната го напушта англискиот гигант, што значи дека тимот за неколку месеци ќе изгледа значително поразлично отколку во изминатите, славни години.

Матип е камерунски дефанзивец кој како слободен играч пристигна во Ливерпул од Шалке во 2016 година. Имаше многу проблеми со повредите и досега за осум години забележа 201 настап и освои седум трофеи со Ливерпул. За репрезентацијата на Камерун има 27 настапи и еден гол, а Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на осум милиони евра.

Алкантара кариерата ја започна во Барселона. Во 2013 година Баерн го донесе за 25 милиони евра, а во 2020 година пристигна во Ливерпул за 22 милиони евра. Како и Матип, така и овој Шпанец го мачеа повреди, па оваа сезона забележа само еден настап, додека вкупно има 98 настапи во црвениот дрес, заедно со три титули. За Шпанија има 46 настапи и два гола. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на десет милиони евра.

ПретходноКуп на Македонија: Вардар 1961 и Алкалоид во битка за финале!
СледноВан Перси стана тренер на Херенвен