Владо Недановски и неговите момци не го искористија своето поголемо искуство во полуфиналето против Алкалоид. Вардар 1961 беше елиминиран од помладиот состав на Алкалоид, Иван Галевски му одбрани пенал на Срдановиќ за конечни 25-24.
Предводникот на „црвено-црните“ потенцира дека очекувал ваков меч, како главен проблем за поразителното сценарио ја напомена нервозата која и тоа како беше присутна.
„И претходно кажав дека ова ќе биде добар натпревар за уживање. Претходно го победивме Алкалоид во Струга и двапати во првенството, но денеска победи екипата која беше помирна, кај нас беше пристутна нервозата. Му честитам на противникот“, изјави Недановски.