Хари Кејн ќе го пропушти последниот натпревар на Баерн во Бундеслигата. Баварците патуваат на гости кај Хофенхајм, а тренерот Томас Тухел потврди дека Кејн нема да игра поради проблем со грбот.
„Хари Кејн е на лекување кај приватен лекар. Тој не може да патува со нас“, рече Тухел.
Оваа вест секако сериозно го загрижи селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој во вторник треба да го објави списокот на играчи за ЕП 2024. Хари го нема на терен од реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал.