Холандскиот тренер Арне Слот потврди дека потпишал договор со Ливерпул.
„Можам да потврдам дека ќе станам нов менаџер на Ливерпул следната сезона“, ја објави изјавата на Слот, инсајдерот Фабрицио Романо.
Романо претходно објави дека денеска Слот и официјално ќе склучи работен договор со англискиот клуб.
Претходно во медиумите се појави информација дека Арне Слот ќе го замени Јирген Клоп и веќе потпишал договор со Ливерпул до 2027 година. Беше нагласено дека англискиот клуб ќе му плати на Феенорд околу 15 милиони евра како компензација за предвременото раскинување на договорот.
🔴🔐 Arne Slot: “I can confirm that I will be new Liverpool manager next season”.
Slot signed his #LFC contract today. pic.twitter.com/F2e7n60pKy
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 17, 2024