Финалето стартува утре: МЗТ Скопје оди по 11. трофеј, Пелистер сонува за историја

243

Финалната плеј-оф серија во кошаркарскиот шампионат стартува во сабота (19:15 часот), во СЦ „Јане Сандански“. Во битката за титулата повторно ќе се сретнат, МЗТ Скопје и Пелистер. Тимот од Аеродром е бранител на тронот, оди по 11. трофеј, додека пак битолчани по првиот.

Пред почетокот на финалната серија „подобар од пет“ прочитајте неколку интересни факти:

*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 18. финална серија…

*По дванаесетти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј

*МЗТ Скопје (Аеродром) има по десет победи и седум порази во финалето

*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички

*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен од екипата на Фени Индустри (4-1 во финалето)

*По трет пат по ред, Пелистер атакува на својата прва шампионска титула

*Ова ќе биде трета (по ред) финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата

*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 31.сезона

*Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица, Фени Индустри…

ПретходноБојан Маџовски ќе го облече дресот на Партизан
СледноАнчелоти планира да ја промени позицијата Белингем поради Мбапе