Херојот на Аргентина од СП во Катар на суд поради силување

151

Стрелецот на решавачкиот гол од пенал во финалето на Светското првенство во Катар, Гонзало  Монтиел е на психијатриска евалуација откако во март против него беше поднесена кривична пријава за тешка сексуална злоупотреба и силување.

Монтиел е обвинет дека дрогирал и сексуално злоставувал девојка со која бил во кратка врска на 1 јануари 2019 година, на неговата роденденска забава. Деталите беа откриени во видео кое минатиот месец го објавила жртвата.

„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител е Гонзало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство 2022. Нему му беше роденден и ме покани дома. Се запознавме и ме дрогираа додека не се онесвестив. Гонзало ме силуваше. Барав адвокати долго време бидејќи никој не сакаше да оди на суд со мене, сите сакаа да се договорам“, рекла жртвата.

Монтиел тврди дека не сторил на кривичното дело, а неговото судење е закажано за 17 и 20 септември во Буенос Аирес.

ПретходноПеп: Лудо е да очекувате да водиме со 3:0 по 10 минути против Вест Хем
СледноНоле изненадувачки потврди настап на АТП турнирот во Женева