Позицијата на Џуд Белингем на теренот би можела да се промени со доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Следната сезона, главниот тренер на Мадрид, Карло Анчелоти планира да го искористи англискиот репрезентативец во центарот на теренот. Информациите велат дека на Англичанецот повеќе му е позната и улогата на централен играч за врска. Промената ќе се должи не само на претстојниот трансфер на Мбапе во шпанската престолнина, туку и на шемата на шпанскиот шампион.
Белингем (20) оваа сезона постигна 23 гола во сите натпреварувања за Реал Мадрид и е заеднички најдобар стрелец на Реал Мадрид заедно со Винисиус Жуниор.