Бојан Маџовски ќе го облече дресот на Партизан

124

Поранешниот македонски репрезентативец, Бојам Маџовски од следната сезона ќе го носи дресот на Партизан, тврдат тамошните медиуми.

30-годишниот Маџовски е слободен игра откако претходно го раскина договорот со Ловќен, а претходно играше за Металург и Пелистер.

Партизан планира да направи уште подобар тим, па токму Маџовски е едно од засилувањата кои ги планира за реализација на својот план. Тој доаѓа на барање на  Ѓорѓе Чирковиќ со кого соработуваше во Битола.

Партизан за следната сезона ги договори десниот бек Никола Црноглавац, десното крило Марко Васиќ и пивотменот Немања Ратковиќ.

ПретходноФИФА објави револуција во ВАР системот, ќе биде како во тенисот
СледноФиналето стартува утре: МЗТ Скопје оди по 11. трофеј, Пелистер сонува за историја