Тиквеш – Воска е финалето на Купот на Македонија, а истото ќе се игра идната среда во Скопје. Од Тиквеш веќе се мобилизираат за историското финале кое може да им го донесе првиот трофеј, а фановите соопштија дека ќе има организиран превоз на денот на натпреварот.
„За сите кои ќе патуваат на натпреварот, обезбедена е бесплатна брендирана маичка“, порачаа од Тиквеш.
Инаку билетите за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба од страна на мк.тикетс, а за местото и цената дополнително ќе биде позната.
За навивачите на Тиквеш се планирани 5000 билети.
Дома Фудбал Куп на Македонија Во Тиквеш се спремаат: За сите кои ќе патуваат на финалето, обезбедена...