Иван Галевски е херојот на Алкалоид. 19-годишниот голман на тимот од Автокоманда спречи да има пенали во второто полуфинале, го одбрани ударот на Срдановиќ од седум метри за победа на неговиот тим и пласман во финалето, историско за Алкалоид. Таму тој и неговите соиграчи ќе имаат пеколно тешка задача, ќе играат против Пелистер, мечот е закажан за во недела.
„Нашиот тим по вторпат во својата историја е дел од завршницата во Купот на Македонија, а за првпат ќе игра финале. Им благодарам на момците што гинеа на теренот, да не беше така немаше да заврши вака овој натпревар. Клучна беше нашата стабилност, концентрација во клучните моменти“, изјави по дуелот Галевски.