Заигра за сениорите со само 14 години и го собори рекордот на Агуеро (видео)

631

Талентираниот фудбалер Матео Аполонио има само 14 години, а дебитираше за сениорскиот тим на Депортиво Риестра во натпреварот против Њуелс во Купот на Аргентина и со тоа го собори рекордот на славниот Серхио Агуеро. Тој на мечот заигра со 14 години и 29 денови што е најмладиот професионалец во историјата на аргентинскиот фудбал.
Левиот бек влезе во 85 минута од мечот, кога неговиот тим имал гол негатива против Њуелс. Неговиот тим не успеа да избегне пораз, но ова момче успеа да го собори претходниот рекорд на Агуеро кој го држеше 20 години.

ПретходноЛудо! Платата на Меси е поголема од буџетот на 25 клубови во МЛС
СледноСлот: Можам да потврдам дека сум нов менаџер на Ливерпул!