Новак Ѓоковиќ изненадувачки реши да игра на АТП турнирот во Женева кој има награден фонд од 562.000 долари. Организаторите ја објавија ждрепката, по која Ѓоковиќ како прв носител ќе биде слободен во првото коло, но веќе во второто го чека можна класика со поранешниот број еден Енди Мареј, секако под услов Британецот во првото коло да го победи Германецот Јаник Ханфман.
Можни ривали на Ѓоковиќ во полуфиналето би биле Тејлор Фриц или Џејк Дрејпер, а во финалето Каспер Руд или Американецот Бен Шелтон.