ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус му врачи отказ на Алегри

260

Она што италијанските медиуми го најавија вчера, денеска е и официјално потврдено. Јувентус го отпушти Макс Алегри и покрај тоа што Италијанецот му помогна на клубот да дојде до освојување на Купот на Италија со победата над Аталанта.

„Бјанконерите“ објавија дека Алегри си заминал од клубот, откако вчера беше објавено дека клубот размислува за отказ по постапките на менаџерот во послендите мечеви. Тој имаше конфликт со судиите, се скара со управата на клубот, а имаше и физичка пресметка со новинар на „Тутоспорт“.

Алегри требаше да го напушти клубот летово по завршувањето на сезоната, но неговите постапки по победата во Купот на Италија се чини дека го забрзаа Јуве да донесе ваква одлука.

ПретходноРакометарките на Чаир за првпат во историјата обезбедија финале во Купот на Македонија
СледноКлоп: Проблемот не е ВАР, туку во тоа што луѓето не можат правилно да го користат