Ракометарките на Чаир за првпат во историјата обезбедија финале во Купот на Македонија

121

Ракометарките на Чаир се втор финалист во Купот на Македонија во женска конкуренција. Во првото денешно полуфинале од вториот ден на програмата на финалниот турнир во СЦ „Борис Трајковски“, чаирчанки одиграа поквалитетен меч од својот ривал Вардар и на крајот заслужено му се радуваа на местото во неделното финале со победа од 32:28 (14:13). 

Чаир уште во средината на првото полувреме успеа да се одлепи со неколку гола предност (8:5), за до крајот на првите 30 минути да замине на пауза со предност од само еден гол и тоа со погодок во послендите секунди од полувремето.

За разлика од првиот дел во кој „вардарки“ одлично се држеа, на стартот на второто полувреме му дозволија на противникот многу бргу да дојде до предност. По седум минути резултатот беше 18:15 за Чаир, а кон средината на вториот дел предноста отиде и на 4 и 5 гола разлика.  До крајот на мечот Чаир ја одржуваше стабилната предност, а Вардар не успеа да се приближи.

Рахмани беше најефикасна кај Чаир со 8 гола, додека кај Вардар Василева постигна 7 гола.

Женското финале од Купот на Македонија ќе се одигра в недела од 16 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноСлот: Можам да потврдам дека сум нов менаџер на Ливерпул!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Јувентус му врачи отказ на Алегри