Сензација во Купот на Македонија: Галевски го однесе Алкалоид во историското финале!

487

Алкалоид и Вардар 1961 одиграа доста интересен натпревар, победник во битката за пласман во финалето на Купот на Македонија е тимот од Автокоманда, славеше со 25-24 благодарение на младиот голман Галевски кој му одбрани пенал на Сердановиќ.

За Алкалоид ова е историско финале во Купот на Македонија, таму ќе игра против Пелистер. Елиминацијата на Вардар 1961 значи дека Купот ќе добие нов владател, битката е закажана за во недела.

Серафимов со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Бинго со шест, Галевски имаше два одбранети седмерци. Јасихура и Срдановиќ имаа по пет погодоци, Томовски запиша 11 одбрани.

Ова беше меч со доста пресврти, Алкалид водеше со 5-7, се врати Вардар 1961 на 707, по што мечот влезе во игра гол за гол, пред крајот на првото полувреме, избраниците на Лазаров успеаја да постигнат два гола во низа и на одморот да заминат со позитива од два гола 15-13.

Момците на Владо Недановски брзо се вратија во дуелот, со три гола по ред го врати минималното водство (15-16) беше на стартот на второто полувреме. Нешто подоцна, избраниците на Кирил Лазаров во 50 минута поведоа со 23-20. На другата страна Вардар 1961 врати со два гола во низа, свој удел имаше Томовски, Јасухира намали на 24-23. Симоновски го прекина налетот на противник и донесе нови плус два 25-23. Галевски успеа да одбрани седмерец, па на другата страна Алкалоид не искористи напад, но ниту пак Вардар не успеа да ја подоги празната мрежа на противникот.

Серафимов под принуда мораше да шутира, Томовски ја запиша десетата интервенција, па на другата Јасухира со петтиот погодок ја врати драмата, на минута и десет секунди беше 25-24. Лазаров повика тајм-аут, но Серафимов одново не успеа да реализира. Останаа 16 секунди за напад на „црвено-црните“, се решија на „седум на шест“, во самиот финиш судиите досудија пенал. Сердановиќ застана лице во лице со младиот Галевски кој одбрани за финале на Алкалиод.

ПретходноНоле изненадувачки потврди настап на АТП турнирот во Женева
СледноГалевски е скромен: Да не гинеа момците, овој меч немаше да заврши вака!