Утре од 17 часот на програмата се сите шест средби од 33. или последно коло во тековната сезона 2023/24. Одредени се и судиите. Па така на мечот Работнички – Шкендија, кој се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга. Александар Грујоски од Кичево ќе го суди дербито Струга ТЛ – Шкупи, на кое домашниот тим ќе се круниса во шампион и за оваа сезона.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 33.КОЛО – САБОТА (17 Ч)
Брера – Македонија ЃП: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Силекс: Фуркан Идризи (Тетово)
Вардар – Тиквеш: Сашко Ристов (Струмица)
Воска – Гостивар: Крунослав Ѓорѓиев (Штип)
Работнички – Шкендија: Јован Качевски (Струга)
Струга ТЛ – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)