Колапс во Јувентус: Ањели и играчите се огласија по отказот на Алегри

2824

Јувентус остана без тренер и тоа беше вест на денот во Италија, Масимилијано Алегри доби отказ.

Причината е наведена „одреден начин на однесување за време и по финалето на Купот на Италија што не е во согласност со вредностите на Јувентус, а што треба да го покажат сите во клубот“.

Сепак, има играчи кои веруваат дека начинот на кој го напушти клубот беше незаслужен. Еден од нив е Рабио.

„Ќе останете запаметен како еден од тренерите кои освоија најмногу во Јувентус. Заслуживте поинакво збогување. Господине, ви благодарам за се и со среќа!“, напиша Рабио.

Тоа не е се, се огласи Андреа Ањели, човекот кој го донесе Алегри. Го донесе во 2021 година кога Алегри потпиша петгодишен договор. По последниот финансиски скандал, Ањели го напушти клубот во 2022 година.

„Неверојатна мешавина на гордост и хуманост во изминатите десет години. Ви благодариме, Макс. До крај…“

Најавата на Ањели е тотална спротивност од она што го напишаа во Јувентус…

ПретходноИзборот на домаќинот на СП за жени беше најважната точка на 74. конгрес на ФИФА
СледноРоналдо се посрамоти: Дајте му поголема топка (ВИДЕО)