МЗТ Скопје и Пелистер во овој момент го играат првиот финален натпревар во рамките на плеј-офот. Пред стартот на мечот од таборот на актуелниот македонски првак најавија дека ќе играат за својот непреболен Маријан Михајловски – Мац, чиј живот згасна прерано.
„Фемили“ изготвија неверојатна кореографија со ликот на својот голем другар, кој засекогаш ќе остане во срцата на аеродромци.
Двата тима го испочитуваа популарниот Мац, дуелот започна со минута молчење.