Попладнево со шесте меча од 33.коло заврши сезоната во ПМФЛ. И последната непознаница е решена, Шкендија заврши како втора и тоа откако славеше над Работнички на гости со 0:2. Бадијала беше победата на Шкупи во Струга со 1:2 против шампионот. Ова беше пирова победа на чаирчани.
Добар фудбал на кој за шампионот овој меч немаше резултатски императив.
Вистинска голеада во Турново, каде Брера со 5:3 ја победи Македонија ЃП. На Маџари интересен фудбал меѓу Вардар и Тиквеш која на крајот заврши со резултат 2:2.
Со истиот резултат 1:1, завршија средбите Воска – Гостивар и Брегалница – Силекс.
Марушиќ стрелаше за Воска и со неговиот 17 гол е прв стрелец во штотуку завршениот шампионат.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 33.КОЛО
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5:3
(Ивковиќ, Ивковиќ.,Мато, Мато,. Олаесебикан /Величковски 13., Ларсон 23.)
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1:1
(Стојчевски 2./ Манасиевски 84.)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:2
(/Красничи 34.,Аганспахиќ 72.)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1:2
(Шабани 30./Рамани 9., Аворно 51.)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2:2
(Шушњара 14.,Николовски 66./Даноски 24., Пурезивскис 29.)
ВОСКА – ГОСТИВАР 1:1
(Марушиќ 56./Абази 79.)