Во унгарскиот шампионат Фехервар не успеа да го победи Диосѓер (0:0) и со тоа на крајот го освои четвртото место на табелата, а третото му припадна на Академија Пушкаш кој славеше на својот меч. Фехервар може да жали на крајот што остана без место на подиумот поради ВАР.
Во судиското продолжение македонскиот репрезентативец Никола Серафимов постигна гол и додека славеше со своите соиграчи трето место во шампионатот стигна студен туш. Судијата по реакција на ВАР означи дека голот не важи затоа што претходно имало офсајд од еден играч на домашниот тим.