Верстапен го изедначи рекордот на Сена со осмата по ред пол позиција во Ф1

138

Макс Верстапен осми пат по ред е на пол позицијата во Формула 1 по триумфот во квалификациите на патеката „Имола“ во Емилија Ромања, Италија која го означи враќањето на најбрзиот шампионат во Европа по светската турнеја изминатите месеци.

Со осмата пол позиција го изедначи рекордот по едноподруго полпозиции со легендарниот Ајртон Сена, кој меѓу Шпанија 1988 и САД 1989 година исто така имаше осум триумфи во квалификациите.

Верстапен и покрај проблемите со возилото успеа да постави најдобро време 1:14.748 минути. Од второто место ќе стартува Оскар Пиастри, но овој возач можеби ќе го загуби местото поради тоа што е под истрага за опасно возење во дуел со Кевин Магнусен во првата квалификациска трка. Дури и да биде казнет, второто место ќе остане за Мекларен затоа што Ландо Норис заврши трет. Четврти заврши Шарл Леклер, петти Карлос Сајнц, следуваат Џорџ Расел, Јуки Тсунода и Луис Хамилтон…

Главната трка е во недела од 15 часот.

 

ПретходноПолувреме: 1:1 е во Струга, Шкендија води, Тиквеш со пресврт до водство
СледноСинот на Михајловиќ ќе биде тренер во Болоња!