Во Струга ќе “грми“: Шампиони, шампиони….

154

Струга ТЛ од денеска ќе биде и официјално шампион во ПМФЛ за сезоната 2023/24. Клубот кој е основан во 2015 година, повторно е најдобар во Македонија, Струга ТЛ е старо – нов шампион, ја одбрани титулата од лани.

Секоја чест за стружани, за клубот кој покажа како треба, како се работи, за играчите кои покажаа дека едноставно се нај, нај во овие две сезони во ПМФЛ.

Попладнево околу 19 часот, по завршувањето на средбата од последното 33.коло во сезоната против Шкупи, Струга ТЛ ќе го добие пехарот од страна на ФФМ и ќе биде крунисана како најдобра и за оваа сезона.

Се разбира дека се е подготвено за шампионска прослава, градот и фановите на Струга ТЛ веќе една недела се на нозе по онаа блескава партија и победа над Шкендија од 0:2 среде Тетово со која ставија печат на новата, втората во низа титула во ПМФЛ.

Токму затоа попладнево во Струга ТЛ ќе “грми“: Шампиони, шампиони…

И со право. Струга ТЛ едноставно во моментов е најдобриот наш клуб, и по вторпат ова лето ќе ја претставува Македонија во квалификациите во Лигата на Шампионите.

Честитки за старо – новиот шампион, честитки за најдобрите и се разбира секоја чест за сите во фудбалскиот колектив Струга Трим Лум.

ПретходноПознат е ставот на Јунајтед за Фернандеш
СледноСтојановиќ пред нов предизвик: Го носеше нивниот дрес, а сега ќе седне на клупата