Нашиот Дијамант, Елиф Елмас е стартер во тимот на Лајпциг на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт. Ова е меч од последното 34.коло во Бундеслигата и она што беше најавувано од страна на тренерот Марко Росе и се остварува, дека македонскиот репрезентативец треба да биде трпелив и дека ќе добие адекватна шанса.
Ова се случува по вторпат Елмас да се најде меѓу стартерите кај Лајпциг на еден првенствен меч во Бундеслигата оваа пролет откако е тој меѓу „биковите“.
Инаку мечот започнува во 15.30 часот, секако дека очекуваме добра партија на Дијамантот.