Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ги започна настапите во Европската лига. Нашите момци беа совладани од Естонија со 3-1, но со оглед дека настапивме со подмладен состав нема простор за разочарување.
Следен противник е Чешка, а од таборот најавуваат многу подобра игра и се надеваат на позитивен резултат.
„Прв пораз за жал. Но сепак резултатот не е разочарувачки ако се земе во предвид дека имавме кратко време за подготовка, околу две недели. Ова беше позитивен меч, имаме ден за одмор, се надеваме на добар натпревар против Чешка, зошто и да не направиме позитивен резултат“, вели Стојан Илиев, кој потенцира што треба да подобрат:
„Многу треба да работиме и да го подобриме приемот, на овој меч ова беше клучно“.