И после шест натпревари од полуфиналната серија на НБА Исток меѓу Њујорк и Индијана, ниту една екипа не загуби дома. Пејсерси на домашен терен ги победија Никс со 116:103 и се изборија ја мајсторка.
Индијана два месеци е непоразена на домашен терен и има перфектни 6-0 во плеј-офот, а синоќешниот натпревар беше решен во втората половина од втората четвртина кога ја презеде контролата со серија од 17-2 и никогаш не ја испушти.
Во првото полувреме, Пејсерси одиграа фантастична одбрана на водечкиот стрелец во плејофот Џејлен Брансон, ограничувајќи го на само пет поени и принудувајќи го да направи 11 последователни загубени топки. Брансон отиде до својата квота, завршувајќи со 31 поен, но подоцна се разбуди. Индијана во четвртата четвртина веќе имаше предност од 23 поени.
Прво име во Индијана беше Сијакам со 25 поени, Мајлс Тарнер додаде 17. Мекбрајд постигна 20, а ДиВинченцо 17 поени за Никс.