Фантастична трка и нов национален рекорд на Миљана Ристиќ Стојчевска денеска на државното поединечно првенство во атлетика кое се одржа на Арената во Скопје. Таа не само што успеа да победи туку и истрча на 3.000 метри стиплчез со време од 11:58.61 минути, доволно за нов македонски рекорд што секако дека е огромен, фантастичен успех за Миљана Ристиќ Стојчевска, која е член на АК Делта.
Овој нејзин успех е за поздравување, посебно ако се знае дека минаа само 9 месеци од кога се породи.
Инаку таа е сопруга на Игор Стојчевски, еден од нашите најдобри фудбалски судии.
Очекуваме од Миљана уште вакви рекорди и победи.