ПМФЛ: Шкендија ќе игра во Европа, Шкупи со победа во Струга, реми на Маџари, голеда во Турново…

2703

Попладнево со шесте меча од 33.коло заврши сезоната во ПМФЛ. И последната непознаница е решена, Шкендија заврши како втора и тоа откако славеше над Работнички на гости со 0:2. Бадијала беше победата на Шкупи во Струга со 1:2 против шампионот. Ова беше пирова победа на чаирчани.

Добар фудбал на кој за шампионот овој меч немаше резултатски императив.

Вистинска голеада во Турново, каде Брера со 5:3 ја победи Македонија ЃП. На Маџари интересен фудбал меѓу Вардар и Тиквеш која на крајот заврши со резултат 2:2.

Со истиот резултат 1:1, завршија средбите Воска – Гостивар и Брегалница – Силекс.

Марушиќ стрелаше за Воска и со неговиот 17 гол е прв стрелец во штотуку завршениот шампионат.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 33.КОЛО

БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5:3

(Ивковиќ, Ивковиќ.,Мато, Мато,. Олаесебикан /Величковски 13., Ларсон 23.)

БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1:1

(Стојчевски 2./ Манасиевски 84.)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:2

(/Красничи 34.,Аганспахиќ 72.)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1:2

(Шабани 30./Рамани 9., Аворно 51.)

ВАРДАР – ТИКВЕШ 2:2

(Шушњара 14.,Николовски 66./Даноски 24., Пурезивскис 29.)

ВОСКА – ГОСТИВАР 1:1

(Марушиќ 56./Абази 79.)

ПретходноСинот на Михајловиќ ќе биде тренер во Болоња!
СледноМоќна кореографија на „Фемили“ во чест на Мац (ФОТО)